32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Бомба од Италија: Кристијано Роналдо му се нуди на Манчестер сити!

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш, му го понудил својот клиент на Манчестер сити, објави италијанскиот „Кориере дело спорт“. Договорот на Португалецот со Старата дама е до следното лето, па Јуве би го продал Роналдо за околу 30 милиони евра, и што е уште поважно, би заштедиле 31 милион годишно, колку што е платата на 36-годишната суперѕвезда.

Иако имаше шпекулации дека Кристијано може да заврши во ПСЖ ако Килијан Мбапе си замине од Париз, но тоа нема да се случи летово. Карло Анчелоти посакал враќање на Роналдо во Реал, но и таа варијанта е тешко остварлива бидејќи претседателот Флорентино Перес е против камбек на најдобриот стрелец во историјата на Кралскиот клуб.

Евентуален трансфер на Кристијано во Сити би бил големо изненадување бидејќи Португалецот е приврзан за градскиот ривал Манчестер јунајтед, клуб во кој се прослави и стекна светска слава. Доколку не успеат да го ангажираат Хари Кејн, англиските шампиони во следните две недели би можеле да го привлечат Роналдо, кој не е 100 отсто сигурен дека сака да остане во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести