Бомба од Каталонија: Пау Гасол ќе игра за Барса до крајот на сезонава!

Најдобриот шпански кошаркар во историјата, Пау Гасол (40), деновиве ќе му се стави на располагање на тренерот Шарунас Јасикевичиус, и до крајот на сезонава ќе игра за екипата на Барселона, во која ја почна кариерата. Гасол нема играно уште од март 2019 година кога беше член на Милвоки бакс во НБА лигата и се здоби со повреда на левото стапало.

Гасол сака летово да игра за Црвената фурија на олимпискиот турнир во Токио, па за да биде во форма, реши да игра за Барса и тоа бесплатно. Ако потпише пред 24-ти февруари што најверојатно ќе се случи, Гасол ќе има право на настап и во Евролигата.

Гасол пред 20 години ја напушти Барса и почна успешна кариера во НБА. Тој во Барса ќе биде соиграч со Никола Миротиќ, со кого играа заедно и во Чикаго булс и Милвоки бакс. Олимписките игри во Токио би му биле петти на Гасол

- Оглас -

Најнови вести