„Бомба“ од каталонско радио: Меси се враќа на „Камп ноу“

Враќањето на Лионел Меси во Барселона станува многу пореална опција откако вечерва на каталонското радио беше информирано дека започнува главната „операција“. Меси, кој е дел од Пари Сен Жермен, има договор кој му истекува на крајот од сезонава, што значи дека веќе има право и отворено да разговара со други клубови.

„Потврдено е. Враќањето на Лионел Меси во Барселона повторно е активна приказна. Таткото на Лео, Хорхе Меси, побарал да има сосотанок со Жоан Лапорта и веќе сè е договорено. На состанокот ќе бидат договорени детали за договорот пред да биде ставен потписот“, соопшти вечерва каталонското радио.

Меси уште како 13-годишен тинејџер дојде во Барселона, а сениорската кариера во каталонскиот дрес ја имаше од 2004 до 2021 година, кога реши да направи трансфер во ПСЖ.

Во францускиот тим нема успех каков што посакуваше, дури и навивачите на ПСЖ се свртеа против Меси, па многу веројатно е дека Аргентинецот ќе се врати на „Камп ноу“, каде што би прифатил да игра и за многу помала плата од таа што ја добива сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести