Англиските медиуми објавуваат дека УЕФА подготвува револуција и носење одлука со која од 2028 година на европските првенства би играле дури 32 репрезентации.
Ако ова се усвои, тоа би било одлична вест за македонската репрезентација, која во таков случај би имала шанса да стане редовен учесник на континенталните шампионати откако лани дебитиравме.
На ЕП сега играат 24 селекции, така ќе биде и во 2024 во Германија, но потоа, на ЕВРО 2028 би можело да има дури 32 земји учеснички. Во Европа има 55 земји чии репрезентации играат квалификации за ЕП, што значи дека од 2028 на ЕП би играле повеќе од половината репрезентации.