„Бомба“ од Саудиска Арабија: Виктор Осимен ќе потпише за Ал-Хилал?!

Турските медиуми вечерва наголемо пишуваа околу судбината на Виктор Осимен, кој се чини дека нема да се врати во Италија, но нема ниту да остане во Истанбул. Според нив, нигерискиот напаѓач ќе потпише тригодишен договор со Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Иако деталите не се познати, ниту околу обесштетувањето кое би го добиле во Наполи, ниту за личните услови на фудбалерот, сепак се претпоставува дека се работи за еден од најголемите трансфери кои ќе бидат реализирани ова лето.

Осимен во Европа пристигна во 2017 година од нигерискиот Ултимејт страјкерс во Волфсбург за 3,5 милиони евра. Германците во 2019 година за истата сума му го продадоа на Лил, од каде што само за една сезона направи неверојатен трансфер во Наполи за 78,9 милиони евра. Последната сезона ја мина како позајмен во Галатасарај, откако имаше несогласувања со новиот тренер на Наполи, Антонио Конте.

- Оглас -

Најнови вести