Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски до крајот на неделава треба да го комплетира договорот според кој во новата сезона ќе го носи дресот на шпансната Жирона. Миовски, кој имаше блескава сезона во Абердин, го привлече вниманието на каталонскиот тим, кој беше во потрага по нов напаѓач откако Артем Довбик замина во Рома.
За Миовски се интересираа и екипите на Еспањол и Џенова во Италија, но Жирона, која прави тим за во Лигата на шампионите, изби во прв план.
Миовски постигна 26 гола за Абердин, па сега во Жирона ќе има голем предизвик, а тоа е тимот да продолжи со истите резултати од минатата сезона, кога заврши на третото место, веднаш зад гигантите Реал Мадрид и Барселона.
Неофицијално, Жирона ќе плати седум милиони евра на Абердин за комплетирање на трансферот на македонскиот репрезентативец.