Фенербахче со убедлива победа од 5-2 над Феенорд дојде до место во плејофот, но и само чекор до влез во лигашкиот дел на Лигата на шампионите. Веднаш по овој натпревар, турските медиуми објавија вистинска „бомба“.
Фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко, се очекува да биде ново засилување за екипата на Жозе Мурињо, а Фенербахче за неговите услуги ќе плати 15 милиони евра.
Украинецот во 2022 година се пресели од Манчестер сити во редовите на Топчиите и на почетокот беше прв избор, но потоа на неговата позиција беа доведени и Калафиори и Тимбер, па тој падна во втор план.