Бомба за која се верува дека е од Втората светска војна и е тешка половина тон е пронајдена во близина на стадионот на Мајнц во Германија, објавија медиумите од оваа земја.
Бомбата ја пронашле градежни работници кои работеле на проширување на универзитетскиот комплекс во Мајнц, кој се наоѓа веднаш до стадионот на којшто игра бундеслигашот.
Полицијата и надлежните служби веднаш го обезбедиле просторот околу бомбата и евакуирале околу 4.500 граѓаните кои живеат во тој дел од градот сè додека бомбата не биде демонтирана.
https://twitter.com/medioclubID/status/1783497381444747536
Засега надлежните власти немаат намера да побараат да се одложи натпреварот меѓу Мајнц и Келн, кој треба да се игра в недела, на „Мева арената“, бидејќи очекуваат дотогаш да ја демонтираат бомбата.
Интересно е што ова е втора бомба која потекнува од Втората светска војна која е пронајдена на истата локација, првата беше многу помала и успешно беше демонтирана.