„Бомба“ од Загреб: Динамо тргнува по потписот на Лука Модриќ! (Фото)

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид завршува со крајот на тековнава сезона, а нема никакви информации дека тој ќе биде продолжен. Ова сака да го искористи Динамо Загреб и да го врати Модриќ во Загреб, во клубот каде блесна, а потоа стана и светска ѕвезда.

Раководството на Динамо Загреб одлучи да закупи цела страница во шпанскиот весник „Марка“ и да го повика Лука Модриќ да се врати во Загреб. Во повикот пишува „Има смисла“ на хрватски и шпански, а на фотографијата е дресот на Динамо со број 10 и презимето Модриќ.

Од Динамо Загреб велат: „Ние не можеме да му понудиме милиони, но можеме да му понудиме емоција“.

Лука Модриќ во 2008-мата година направи трансфер од Динамо во Тотенхем, а за екипата од Загреб одигра 80 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести