Бомба: Роналдо има тајна клаузула во договорот со Ал Наср, може да врати во европската ЛШ!

Нема да биде никакво чудо ако во следната сезона Кристијано Роналдо повторно заигра во европски клуб, но само ако тој клуб се пласира во Лигата на шампионите.

Станува збор за тајна клаузула во договорот на Португалецот со неговиот нов клуб Ал Наср од Саудиска Арабија, со која Роналдо за неколку месеци би се вратил во Премиер лигата.

Газдите на Ал Наср го поседуваат и англиски Њукасл, па се договориле со Роналдо дека ако Чавките бидат меѓу првите четири во Премиер лигата и се пласираат во Лигата на шампионите, тогаш Роналдо во сезоната 2023/2024 би играл како позајмен за Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести