Српскиот ракометар Петар Ненадиќ е нов член на Пари Сен Жермен. Ненадиќ потпиша договор со важност до крајот на сезоната и треба да биде замена за Никола Карабатиќ, кој подолго време е аут поради повреда.
Неодамна Ненадиќ се раздели со Веспрем, но веднаш си најде нов клуб, и тоа не каков било.