„Бомба“: Столе Димитриевски има огромна понуда од клуб од Саудиска Арабија!

Македонскиот голман Столе Димитриевски уште го нема продолжено својот договор со Рајо Ваљекано, на 1 јули ќе стане слободен играч и многу клубови ќе се обидат бесплатно да го добијат човекот кој на 13 меча сезонава во Ла Лига не прими гол.

Валенсија, Виљареал и Севиља се спомнуваа како најзаинтересирани за кумановецот, секако тука е и опцијата да остане во Рајо, но според Радио Марка Валенсија, тим од Саудиска Арабија сака да го ангажира Димитриевски. Според информациите, Столе имал богата понуда од арапскиот тим и го натерала сериозно да размисли за негова преселба во популарната лига во која заминаа многу ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести