Бомба во најава: Ексѕвезда на Манчестер јунајтед ќе потпише за Црвена ѕвезда?

Српскиот првак Црвена ѕвезда има желба да го ангажира некогашниот талентиран напаѓач на Манчестер јунајтед, Италијанецот Федерико Македа. Тренерот на Ѕвезда, Дејан Станковиќ, лично се заложил во барањето да биде купен Македа како засилување за тимот.

Во последните две сезони Македа играше за Панатинаикос и на 37 меча, даде 15 гола. Менаџер му е моќниот Мино Рајола и тој ќе се обиде да ги договори најдобрите услови за својот клиент.

Македа беше сметан за една од најголемите надежи на Јунајтед, како 17-годишен даде спектакуларен дебитантски гол во финишот во победата над Астон вила од 3-2, но кариерата на „Олд Трафорд” не му се разви како што посакуваше. Го позајмуваа во Сампдорија, Штутгарт, Бирмингам и други клубови.

Сепак, преминот на Македа во Ѕвезда е далеку од реализација, а и тимот е преполн со напаѓачи. Ако некој биде продаден, може да се активира опцијата Македа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести