Играчот од средниот ред на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета, се пресели во матичниот Фламенго, а според информациите трансферот е вреден 42 милиони евра што е најскапа отштета во историјата што ја платил еден бразилски клуб.

Пакета кој има 28 години, од детските денови, па до 2019, беше во Фламенго. Потоа се пресели во Европа, во Милан, Лион и Вест Хем. Во дресот на премиерлигашот одигра 139 натпревари, постигна 23 гола и имаше 15 асистенции во сите натпреварувања.
Сега доби повик од дома и не можеше да одбие. Радост од трансферот сподели и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус, кој истотака кариерата ја почна во Фламенго.
„Неговата среќа е и моја среќа. Среќата на Фламенго е и наша среќа“, порача Вини.
Ако биде регистриран навреме, Пакета ќе му биде достапен на тренерот Филипе Луис за финалето на Суперкупот на Бразил против Коринтијанс в недела во Бразилија.

