13.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Бомбардирањето на Блискиот Исток ја прекина Евролигата (Видео)

Воената состојба на Блискиот Исток, која започна со нападот на Израел врз Иран, се прелеа и врз спортот, односно врз јуниорскиот турнир на Евролига во Абу Даби.

Поради бомбардирањата во регионот беше прекинат натпреварот меѓу јуниорските состави на Арис и Монако.

Од Евролигата информираа дека натпреварувањето е привремено суспендирано како мерка на претпазливост.

„Квалификациите за јуниорскиот турнир на Евролигата во Абу Даби се привремено прекинати како превентивна мерка. Евролигата и домаќинот активно ја следат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат соопштени во најскоро можно време“, се наведува во официјалното соопштение.

- Оглас -

Најнови вести