Веќе неколку месеци траат заканите дека има подметнато бомба во некој јавен објект во Македонија, а денеска за првпат се случи цел да бидат и спортски објекти.
Според пишувањата, на утринските закани кои стигнаа преку електронска порака, посочено е дека има поставено бомби во Фудбалската федерација на Македонија, потоа во арената „Тодор Проески“, како и во салата „Борис Трајковски“.


