Со невидена глупост си ја загрози победата, па се спаси на неверојатен начин – Давидович Фокина го елиминира Хуркач во меч што се игра еднаш годишно

Алехандро Давидович Фокина забележа драматична победа против седмиот носител на Вимблдон со 3:2 во сетови, а од трагичар на денот се претвори во сензација на првото коло на гренслемот во Лондон.

Шпанецот славеше во драматичен меч што се гледа еднаш годишно, а резултатот на крајот беше 3:2 за него, или по сетови 7:6 (4), 6:4, 5:7, 2:6, 7:6 (8).

Давидович Фокина водеше со 2:0 во сетови и при резултат од 5:3 во третиот сет, сервираше за победа, а стигна до 40:0 и тогаш реши да одигра атрактивно.

Мечот сакаше да го заврши со популарниот Твинер, односно со удар меѓу нозе, и направи кобна грешка.

Хуркач, кој е седми носител на турнирот, спаси три меч-топки и направи брејк за 4:5 и потоа со три гема по ред намали на 1:2 во сетови.

Полјакот, кој стигна на Вимблдон со титула од Хале, се разигра и со 6:2 во четвртиот сет израмни на 2:2 во сетови, а потоа имаше нова драма.

Мечот стигна до тај-брејк и тука Полјакот имаше речиси недостижна предност од 7:4, но и тој прокоцка сè, па загуби.

Давидович Фокина направи серија од 5:0 и поведе со 9:7, а потоа конечно успеа прв да дојде до 10 поени и да победи со 10:8 за конечен триумф од 3:2 во сетови.

Шпанецот ќе биде запишан во историјата на Вимблдон како прв тенисер што славел во супер тај-брејк, што за првпат во Лондон се игра до 10 поени.

Хуркач пред стартот на гренслемот објави дека со секој освоен поен директно од сервис ќе донира по 100 евра како помош за Украина и успеа да направи 21 ас, што е помош од 2100 евра, но доживеа и голем несупех во најдраматичниот меч во првото коло на Вимблдон, но и во досегашниот дел од тениската сезона.

- Оглас -

Најнови вести