Бомбастична трампа во најава: Погба за Дибала!

Фудбалскиот пазар летово може да претрпи бомбастична размена меѓу Јувентус и Манчестер јунајтед.

Бјанконерите се упорни во намерата да го вратат Пол Погба во Торино, а за тоа да се случи, подготвени се да го жртвуваат Пауло Дибала. Јунајтед, пак, односно Солскјер, сака да го задржи Погба во своите редови, но сега е во дилема со оглед на тоа дека би добил врвно засилување во Дибала.

Клубовите моментално работат на случајот, а се верува дека и Погба и Дибала се проценети по 100 милиони евра.

Во меѓувреме, во тек се и преговорите за нови договори, меѓутоа проблем на Старата дама ѝ прави Аргентинецот бидејќи бара 15 милиони евра годишно. Погба секако има големи примања, а за да остане на „Олд Трафорд“, сигурно ќе бара покачување на платата.

За Црвените ѓаволи дополнителен проблем е што за услугите на Дибала се интересира и Реал Мадрид, кој е подготвен да жртвува еден од Крос или Иско за да го доведе аргентинскиот дијамант на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести