Бомбата на Роналдо против Лион е гол на сезоната во ЛШ (Видео)

УЕФА ги прогласи петте најубави голови за сезоната 2019/2020 во Лигата на шампионите, а првото место според бројот на гласови од навивачите, го освои Кристијано Роналдо со голот за Јувентус против Лион на 7 август од реванш осминафиналето. Роналдо добил над 400.000 гласови.

Второто место е за голот на Марсел Забицер од Лајпциг на дуелот со Зенит во групната фаза, а трети е голот на Хуан Квадрадо од Јувентус против Атлетико Мадрид во првото коло. Во топ 4 влегоа голот на Луис Суарес од Барселона против Интер и голот на Серж Гнабри од полуфиналето против Лион.

Потсетување на голот на Кристијано:

- Оглас -

Најнови вести