Бомбата на Торган Азар го спаси првото полувреме од негативна оценка (Видео)

Белгија води со 1-0 против Португалија по првото полувреме на вечерашното осминафинале на Европското првенство во фудбал, и тоа благодарение на фантастичниот погодок на Торган Азар во 42-рата минута. Здодевното полувреме во кое двата тима се плашеа да не примат гол, го разби помладиот од браќата Азар и тоа е најава за интересно второ полувреме на мечот во Севилја.

Белгија цели 32 години не знае за триумф над Португалците, а сега Црвените ѓаволи се на 45 минути од таков подвиг. Исто толку Португалија има време да се врати резултатски, во спротивно, Стариот Континент ќе добие нов шампион.

https://twitter.com/i/status/1409235933300465664

- Оглас -

Најнови вести