Бомбата не „пукна“ во мрежата: Роналдо ја помести конструкцијата од голот на Шпанија (видео)

Кристијано Роналдо по којзнае кој пат ја демонстрираше својата моќ која ја поседува во нозете. Капитенот на Португалија можеше да постигне фантастичен гол против Шпанија во контролката, но неговата бомба заврши во гредата од голот на Кепа.

Роналдо со послабата лева нога испрати силен удар и погоди на местото каде што се спојува конструкцијата на голот, па резултатот остана 0-0. Ова е една од ретките шанси на европскиот првак да поведе, а Шпанија е таа која го диктира темпото.

- Оглас -

Најнови вести