Лионел Меси си заминува од Барселона, овојпат дефинитивно.
Барса објави соопштение во кое пишува дека и покрај желбата за нов договор, не е можно продолжување на соработката поради економски и структурни пречки околу регулативите на Ла Лига.
„Соочени со оваа ситуација, Лионел Меси нема да продолжи со ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите на играчот и клубот не може да се исполнат. Барса со цело срце сака да му се заблагодари на фудбалерот за придонесот во растот на институцијата и му посакува се најдобро во животот и кариерата“.