Германија е нов европски првак во кошарка, вечерва во финалето ја победија Турција со 88-83 и без пораз дојдоа до титулата, нивна втора по онаа на домашен терен во 1993 година.
Исак Бонга со 20 поени беше „икс факторот“ на Германците, Франц Вагнер уфрли 18 поени, а Денис Шредер се разбуди во финишот и ги постигна клучните шест поени после водството 83-82 за Турција. Шредер заврши со за него скромни 16 поени, но имаше и дури 12 асистенции.
Алперен Шенѓун со 28 и Џеди Осман со 23 поени беа најдобри во турскиот тим кој ќе почека нова прилика за прва континентална титула, ова им беше второ финале.