Бонучи има мотиви за дуелот со Македонија: Моите деца сакаат првпат да ја видат Италија на СП

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи, кој е еден од столбовите на одбраната на италијанската репрезентација, вели дека има големи мотиви за мартовските бараж мечеви за пласман на Светско првенство.

„Сакам на моите деца кои не ја гледале Италија на СП, да им дадам подарок. Мора да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од есенва, и дека нема да потцениме никого, туку ќе одиграме два добри натпревари. Европската титула е минато, мора да гледаме напред“ – изјави Бонучи, кој се слушнал со Кристијано Роналдо и се шегувале околу тоа која од тие две репрезентации ќе игра на Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести