Бонучи исвиркан во Милано, тој возврати: Тоа се идиоти

Еден од најдобрите италијански дефанзивци, Леонардо Бонучи, немаше пријателски дочек во Милано. Играчот кој минатата сезона беше капитен на Милан, по само една година помината на „Сан Сиро“, реши да се врати во Јувентус. Токму тој потег да „избега“ од Милан за повторно да игра во Јувентус, ги налути фановите на „росонерите“.

Дел од тие навивачи беа синоќа на стадионот на дуелот Италија – Португалија и не заборавија да го „поздрават“ Бонучи. Кога пред почетокот на средбата се претставуваа играчите кои ќе настапат, кога дојде редот да се прочита името на Бонучи, еден дел од трибините со негодувања и свирежи го дочекаа италијанскиот репрезентативец.

Бонучи веднаш имаше одговор на таквото однесување на тие навивачи.

„Секогаш постојат идиоти. Јас имам поддршка од селекторот и соиграчите и тоа ми е најважно“, рече Бонучи по мечот на кој Италија требаше, но не победи.

- Оглас -

Најнови вести