Бонучи на 36 години ќе го потпише најважниот договор во кариерата

Јувентус си ги доби назад 15-те бода кои му беа одземени и повторно е во игра за пласман во Лигата на шампионите, но финансиските проблеми ќе го натераат налето да се откаже од неколку фудбалери, а повеќе од извесно е дека еден од нив ќе биде Леонардо Бонучи.

Калчиомеркато пишува дека, Бонучи се подготвува за заминување од тимот со кој освои осум шампионски титули и да стави параф на најважниот договор со кариерата.

Управата на Старата дама е подготвена да се раздели со 36-годишниот Бонучи и да ја подмлади одбраната, а негова следна дестинација може да биде Премиер лигата и шампионот Манчестер сити.

Менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, е голем фан на Бонучи и неколку пати се обиде да го донесе во Манчестер и најверојатно тоа ќе му успее ова лето.
Леонардо Бонучи целата кариера игра во Италија, кариерата ја започна 2005 година во Витербесе, а играше и за Интер, Џенова, Бари, Милан и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести