Бонучи нема да се врати во Серија А, Џеко го убедил да потпише за Фенербахче

Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Бонучи, зимава ќе си оди од Унион Берлин и беше многу блиску до враќање во Серија А, од каде интерес имаше од Рома и Џенова. Сепак, според последните најави тоа нема да се случи.

36-годишниот фудбалер сега е пред потпис со Фенербахче, и тоа на наговор од Един Џеко, со кого имаат ист менаџер. Бонучи најдоцна до среда треба да се појави во Истанбул со раскинат договор со Унион Берлин и да потпише на месеци со Фенербахче. Италијанецот за половина година би заработил 2.8 милиони евра.

Бонучи за овој трансфер се консултира и со италијанскиот селектор, Лучијано Спалети, од кого добил уверување дека ако е стандарден и во добра форма, ќе добие повик за настап на Европското првенство во Германија.

- Оглас -

Најнови вести