Бонучи погоди два пати од пенал за побeда на Јувентус против Лацио (ВИДЕО)

Дерби мечот од 14. коло во Серија А лигата, меѓу Лацио и Јувентус му припадна на гостинскиот тим, кој победи со 2:0.

Интересно е што и двата голови дојдоа по пенали, кои ги реализираше Леонардо Бонучи, во 23. и 83. минута.

Со овој триумф, старата дама сега има 21 бод и е на делба на шестото место исто така со Лацио.

Вечерната програма ја затвораат Милан и Фиорентина во меч кој се игра во стандардниот термин од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести