Бонучи веќе не прави грешка како со Милан, останува во Јувентус до 2024 година

Леонардо Бонучи, еден од главните играчи во тимот на Јувентус, реши да го продолжи договорот до 2024 година. Централниот дефанзивец е во Јувентус од 2010 година, но во 2017 година направи една голема грешка. Реши да си замине од Торино и потпиша за Милан, но многу брзо се покаја за оваа негова одлука. Само по една година помината на „Сан Сиро“, Бонучи повторно се врати во Јувентус и сега за да докаже дека не планира повторно да си замине, потпиша договор кој го обврзува да остане во најтрофејниот италијански клуб уште пет години.

„Леонардо има црно-бела ДНК“, стои во дел од соопштението на италијанскиот првак.

За тоа колку Бонучи е значаен во тимот на Јувентус, зборува и фактот дека тој е играчот кој ги одигра буквално сите мечеви сезонава од првата до последната минута.

Најавено е дека Јувентус во следниов период ќе ги продолжи договорите на уште неколку значајни фудбалери. Следни на списокот треба да бидат Шченсни и Квадрадо.

- Оглас -

Најнови вести