Бонучи: Залудно го притискате, Де Лихт ќе биде најдобар

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, застана во одбрана на Матајс де Лихт, кој трпи доста негативни критики по преселбата од Ајакс во редовите на италијанскиот првак. Старата дама потроши голем дел од средствата за да го доведе одличниот Холанѓанец, но откако игра на местото на повредениот Кјелини, Де Лихт често е на удар на медиумите.

„Тоа што Де Лихт има потешкотии на стартот од кариерата во Јувентус не е ништо ново. Не е ниту првиот играч кому му се случило тоа. Сите ние во текот на кариерата сме го доживеале она што му се случува нему, тоа е сосема нормално и неизбежно. Затоа не треба толку многу да го критикувате, бидејќи тој секако ќе стане најдобар дефанзивец на светот, не се сомневам во тоа. Самиот факт што игра за Јувентус, носи притисок, а знам дека би грешел и кога би играл за друг клуб. Никој не е непогрешлив, а Матајс е само човек како сите ние и со тек на време и доволно искуство ќе ги замолкне сите критичари“, истакна Бонучи.

Бонучи исто така дополни дека на младиот Холанѓанец му е тешко да се привикне на новиот систем на бранење. Јуве се брани во зона, додека како играч на Ајакс, Де Лихт беше навикнат на иднивидуална дефанзива.

- Оглас -

Најнови вести