Борац Бања Лука направи вистинска сензација и успеа да се пласира во осминафиналето од Конференциската лига откако одигра без голови, 0-0, на гостувањето кај Олимпија Љубљана. Мечот мина во тензична атмосфера и на теренот и на трибините, па во второто полувреме се играa дополнителни 20 минути.
Домашните својата шанса за пласман во осминафиналето ја пропуштија уште во седмата минута, кога Бланко не успеа да реализира пенал.
Бетис загуби на домашен терен од Гент со 0-1, но успеа да ја сочува предноста од 3-1 од првиот меч во Белгија, додека кипарската пресметка за осминафинале им припадна на фудбалерите на Пафос, кои ја победија Омонија со 2-1.