Фудбалерите кои доминираа во светскиот фудбал изминатите 15-тина години речиси истовремено објавија фотографии со кои само уште еднаш докажуваат дека годините се само бројка.
Прв на социјалните мрежи се огласи Лионел Меси со фотографија од фитнес центар, на која можат да се видат неговите стомачни мускули и како тој се подготовува за почетокот на новата сезона во МЛС-лигата.
Веднаш следуваше и одговор од Кристијано Роналдо, кој сè уште игра со екипата на Ал-Наср, но по утрешниот натпревар, и тој ќе биде на зимски одмор.