Борба во вистинска смисла – Н‘гесан во последна секунда издвои реми за светскиот првак

Дербито во рамките на четвртото коло во групата А помеѓу Франција и Германија заврши без победник, 25-25. Во  преполната „Мерцедес-Бенц арена“ се водеше вистинска битка, во која на крајот домаќинот и светскиот првак ги поделија бодовите. Франција со седум бода е сигурен учесник во следната фаза, домаќинот има еден бод помалку по овој меч.

Битката започна од првата секунда, дури пет минути им беа потребни на двете екипи да постигнат по еден гол, Германија најави иницијатива, па така по паузата, заслужено имаа предност од два гола (12:10). „Триколорите“ подобро го отворија второто полувреме, трудот се исплатеше бидејќи во еден момент резултатот беше во нивна корист. Сепак, домаќинот одново ја презеде контролота до самата завршница.

И кога се мислеше дека е готово, Франција доби шанса да израмни во последниот напад, а откако на три секунди до крајот беше досудено 9 метри за „триколорите“, Н‘гесан успеа да ја затресе мрежата за конечни 25-25.

Во последниот меч од денешната програма, Данска лесно ја совлада Австрија со 28-17 за четврта победа од исто толку натпревари и заедно со Норвешка од групата Ц ќе играат во втората рунда од шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести