Лечењето на легендатата во Формула 1 Михаел Шумахер продолжи со нова операција на мозокот. Дека седумкратниот Ф1 првак пак ќе биде опериран, потврди познатиот доктор и светски признат стручњак во својата област Филип Менаск, кој и претходно водеше грижа за трансплантацијата на матични клетки кај Шумахер.
Менаск потврди дека целта на операцијата е да се регенерира централниот нервен систем.
Германскиот пилот на 29-ти декември 2013 година доживеа тежок пад на глава додека скијаше и оттогаш неговата здравствена состојба е мистерија за јавноста. Од семејството на Шуми постојано бараат да им се почитува приватноста и нема детали за состојбата на Црвениот барон кој има 51 година. Сепак, според сите индикатори, јасно е дека Шумахер е во тешка состојба.
„Во последните 20 години науката многу напредуваше во поглед на лечењето со матични ќелии. Тоа е шанса, но и понатаму малку се знае за човечкиот мозок“, вели италијанскиот лекар Никола Ачијари.