Добрата форма на голем број прогнозери внесува голема неизвесност во генералниот пласман на нашата бесплатна Спортска прогноза, а и освојувањето на премијата за секое коло, „ајфон 11“ е се поблиску. Во двете претходни рунди еден гол решаваше дали ќе има максимален број на погодоци, 13, колку што е потребно да се добие главната награда.
Новото 28-мо коло е нова шанса за сите учесници да атакуваат на „ајфонот“ и на напредок на табелата во генералниот пласман, затоа редовноста е важна во Спортска прогноза. Меѓу 13-те парови од основната понуда, не отскокнува ниту едно мега дерби, а тоа може да биде шанса за многумина со точни прогнози да направат добар резултат.
Колото почнува во бундеслигашкиот дуел меѓу Вердер и Волфсбург во сабота од 15.30 часот и тоа е терминот до кој можете да се вклучите со свои прогнози за 28-мо коло.
Во фокусот се дуелот на Вест Хем и Арсенал во лондонската пресметка помеѓу двата тима кои се борат да обезбедат настап во еврокуповите, потоа битката за титула во Франција помеѓу Лион и ПСЖ, а нема да биде лесно да се погоди и исходот на пресметката на Рома со Наполи. Тука е и дербито од четвртфиналето на англискиот ФА куп меѓу Лестер и Манчестер јунајтед.
Играта е забавна и што е најважно е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ Клуб картичка од Sport Life.