Борбата за францускиот талент се вжештува: Реал испадна од игра, Јунајтед понуди двојно поголема сума

Младиот фудбалер на Лил, Лени Јоро, со своите игри изминатата сезона ја воодушеви светската фудбалска јавност, а тоа значеше и почеток на борбата на големите европски клубови за неговиот потпис. Прв за потписот на 18-годишниот фудбалер се јави Реал Мадрид, од каде што понудија скромни 30 милиони евра, па нивната понуда без размислување беше одбиена.

Следуваше ПСЖ со понуда од 50 милиони евра, што беше прифатлива сума за Лил, па веднаш започнаа преговорите помеѓу двата клуба. Сепак, трансферот во ПСЖ се искомплицира кога во трката по Јоро се вклучи и Манчестер јунајтед со понуда од 60 милиони евра, односно двојно повеќе од почетната сума која ја нудеа Кралевите.

Сега во пол-позиција се токму Црвените ѓаволи, па наскоро се очекува и официјализација на овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести