Бордо ја отфрли понудата на Оливер Кан

Понудата на поранешниот германски голман и легенда на Баерн Минхен, Оливер Кан, за преземање на францускиот клуб Бордо е одбиена, пренесува „РМЦ“,

Според информациите, сопственикот на Бордо, Жерар Лопес, ја одбил понудата бидејќи немала соодветни финансиски гаранции.

Бордо, еден од традиционалните француски клубови, од кој произлегле фудбалски имиња како Зинедин Зидан, Алан Жирес и Биксенте Лизаразу, минатото лето банкротираше и моментно настапува во четвртата лига.


Долговите на клубот надминуваат 100 милиони евра. Оливер Кан, поддржан од богати инвеститори се понуди да го преземе клубот, меѓутоа неговата првична понуда е одбиена.

- Оглас -

Најнови вести