Бордо уште е „жив“, одигра меч на кој голманот ги спаси со погодок во 90+5 минута (Видео)

Некогашниот француски гигант Бордо ги преживува најтешките денови од постоењето. Клубот кој во 2009 година по шести пат се радуваше на шампионска титула, само 15 години подоцна е на дното.

Поради финансиски проблеми, Бордо беше административно исфрлен во најниското натпреварување, а малку веројатно беше дека ќе продолжи воопшто да се натпреварува.

Да не згасне клубот, едвај се најдоа играчи кои ќе играат за овој клуб само за да не згасне. Во првиот меч од новата сезона, Бордо на домашен терен одигра меч со драматична и среќна завршница за нив.

Гостите водеа со 1:0 кога во 90+5 минута беше досуден фаул за Бордо, а напред тргна и голманот Ласана Дијабате, кој со глава постигна гол и израмни на 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести