Борче Христов е именуван за нов тренер на Борец Велес во екот на консолидацијата на македонскиот фудбалски прволигаш по заминувањето на главниот спонзор, Кочо Анѓушев.
Легендите на клубот со светла традиција ја прездоа палката во обид за спас на Борец, а првиот потег им е одличен. Како замена за Горазд Михајлов, кој остави одличен впечаток на клупата на велешани, но си замина, сега е именуван Христов.
Тренерот кој работеше во Еуромилк, Македонија Ѓорче Петров, а во сезоните 2017/18 и следната беше менаџер во младинската Академија на познатиот клуб од Азербејџан, Карабах.
Христов беше дел и од македонскиот проект со младинската Академија на ФФМ, а сега ќе се обиде да ја заврши сложената мисија и да помогне Борец да остане прволигаш.
Велешани ќе го почнат продолжението на сезоната во Првата македонска лига со 25 бода на шестото место во конкуренција на 12 клуба, а првиот меч во пролетниот дел на сезоната им е на 14 февруари во Велес против Шкупи.