Борец не се избори за втора победа

Борец и Работнички одиграа 1-1 на првенствениот фудбалски меч одигран во Велес, а најголема полза од тоа ќе има Силекс, кој утре после гостувањето кај Вардар, може да ги симне дебармаалци на претпоследната позиција, заедно до „фенерџијата“ Борец.

На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, гостите поведоа во 13-та минута преку Кордоба, а десет минути подоцна изедначи Ѓорѓиев. И покрај ова ефикасно отворање на единствениот денешен меч од седмото коло на Првата македонска лига, резултатот остана непроменет. За Работнички ова е прв освоен бод на гостински терен сезонава.

- Оглас -

Најнови вести