Борис Дијав, една од легендите на француската кошарка, одлучи да престане да игра кошарка на 36-годишна возраст. Сегашниот кошаркар на Левалоа на својот профил на „Твитер“ објави дека е време да се пензионира по успешната кариера. Со Франција освојуваше медали на сите големи натпреварувања, а лани по 14 години минати во НБА-лигата, се врати во својата земја.
„Минатата година најавив дека е време за пензија, а сакав да видам како е подолго време да одмарам. Откако завршив со настапите во НБА, имав повеќе време за одмор, и тоа ми се допаѓа. Доста беше со кошарката и време е за простување“, објави Дијав.
Тој не беше повикан во составот на селекцијата на Франција за септемвриските мечеви во мундијалските квалификации, што само ја забрза неговата одлука за простување од кошарката.