Борко е оптимист: Нè чека пеколен распоред, но секогаш мислиме на успех на Вардар и на ракометот во Македонија

Вардар конечно почна со зимските подготовки иако составот не е комплетен во период кога двојниот европски првак ќе има многу обрвски во Лигата на шампионите и набиен распоред.

Месецов „црвено-црните“ ќе одиграат еден меч во СЕХА-лигата, а потоа следува пеколниот февруари дури со 7 натпревари во Лигата на шампионите и два во Регионалната лига.

Стојанче Стоилов, Марко Мишевски, Филип Талески и Димитар Димитриоски ќе чекаат до последен момент дали ќе патуваат со репрезентацијата на Македонија на СП во Египет, а таму сигурно ќе играа Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Бекот Кристијан Дисингер може да се приклучи во текот на оваа седмица, откако не се најде на скратениот список на репрезентацијата на Германија за Мундијалот во Египет.

„Конечно, по завршување на зимската пауза, се собравме на подготовки за тоа што нѐ чека, а тоа е тешкиот месец февруари.

Имаме премногу натпревари и мислам дека тоа е нешто што мора да нѐ мотивира и да нѐ држи сплотени ако сакаме да ги оствариме сите цели кои ги имаме зацртано со Вардар. Едноставно, оваа пауза на сите добро ни дојде за да се рехабилитираме и да оздравиме од ситните повреди кои ги имаме.

Имаме тежок распоред, во кој мораме да останеме фокусирани и цврсто на земја и да се обидеме да ги вратиме тие неколку меча, кои ни избегаа во првата полусезона. И да направиме што е можно подобар резултат за Вардар, а тоа значи и повисок пласман на табелата, но и полесен противник во баражот.

Нѐ очекува многу работа, фокус и концентрација. Ќе мислиме на успесите на Вардар и на ракометот во Македонија, вели голманот Борко Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести