Борко Ристовски: „Впечатокот е позитивен, момците се за секоја пофалба“

Поранешниот репрезентативен голман, а сега министер за спорт, Борко Ристовски, во анализа на МТВ ги пофали ракометарите за прикажаните игри на Светското првенство во Вараждин.

„Впечатокот е позитивен, според начинот на кој играме, пожртвуваноста, давањето 100% од себе и од своите можности. Тоа е најважното кога се бавите со спорт, најважно е дадете 100% од себе, а резултатот ќе биде во еден период еден, а во иднина можеби и друг, но генерално но најважно е сите играчи и сите репрезентативци во било кој спорт да научат секогаш да даваат 100% од себе затоа што тоа е најголемата доблест што може да ја има еден спортист, а посебно репрезентативец.“ – рече Борко Ристовски.

Минатата година ова време, ракометната репрезентација беше критикувана поради лошиот настап на Европското првенство, но сега работите се променети.

„Веројатно се сменија многу работи, бидејќи и играта и резултатите се сосема различни. Треба сите да научиме дека спортот е жива материја и треба да научиме дека кога играме лошо се критикуваме, така е во сите свери во општеството, но кога некоја работа ќе се заврши добро треба да се пофали. Најважно од се е дека тие критики треба да се сфатат позитивно, бидејќи биле во насока да се укаже на грешките, кои секој од нас ги посочува од различно видување. Спортот е жива материја и кога треба да се критикува – ќе се критикува, кога треба да се фали – ќе се фали. Во конкретниов случај заслужуваат пофалби, затоа што навистина сите момци даваат 100% од себе, сите се борат за секоја топка на секој натпревар. Тоа е за пофалба. Министерството за спорт и Владата на РМ за секоја победа на репрезентацијата доделуваат премија од по еден милион денари и плус уште толку од РФМ. Да се надеваме дека што повеќе средства ќе треба да исплаќаме, а значи дека Македонија ќе има што е можно повеќе победи. Со тоа најпрво ја промовираме Македонија надвор, ќе ја направиме повторно Македонија да биде победничка држава, победничка нација, која ќе знае да се радува и да се обединува околу некој спорт. На минатото Европско првенство критикувавме затоа што го немаше тој победнички менталитет, тој победнички дух, од кои причини не знам, но сега го има и тоа е достојно за пофалба и за награда. До сега со никој не бевме во подредена улога, иако немаме победа против европска репрезентација на ова натпреварување. Имаме два нерешени резултати, меѓутоа и да загубевме и да ги добиевме тие натпревари, ќе беше апсолутно заслужена победата, но и да загубевме ќе ги пофалевме, бидејќи пристапот беше поинаков, пожртвуваноста беше присутна, желбата да се даде се од себе на секој натпревар е видлива и тоа е достојно за пофалба.“ – рече министерот за спорт, Борко Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести