Македонскиот ракометен гигант Вардар 1961 вчера загуби од Кјелце, но двајца членови на Црвено-црните имаа моменти кои им донесоа индивидуални признанија. Крилото Тимур Дибиров направи јубилеј со тоа што стана четврти играч во историјата на Лигата на шампионите со 900 гола во ова натпреварување, додека голманот Борко Ристовски на почетокот на мечот имаше атрактивна интервенција со нога против полскиот првак и таа одбрана, според ЕХФ, е една од петте најдобри во петтото коло од ЛШ.
Вардар 1961 загуби со 29-33, па ова е слаба утеха за Борко и Дибиров. Повеќе голови од Русинот имаат дадено само нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров, потоа Никола Карабатиќ и Момир Илиќ. Навистина елитно друштво.
https://twitter.com/i/status/1329741280734179329