Борнмут го плати данокот, Ливерпул е привремен лидер во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул го заборавија киксот против Нотингем и се вратија на победничките патеки, откако попладнево на домашен терен го „растурија“ Борнмут со 3-0. Избраниците на Арне Слот прашањето околу победникот на овој меч го решија уште во првото полувреме, со оглед на тоа дека сите голови беа постигнати во првите 45 минути.

Луис Диас со два погодоци во 27-мата и 28-мата минута ја најави победата на Ливерпул, а печат на трите бода стави Дарвин Нуњес во 38-мата минута.

Ливерпул сега се израмни со бројот на бодови со Манчестер сити, но со подобра гол-разлика е привремен лидер во Премиер лигата, со оглед на тоа дека „граѓаните“ играат со Арсенал, па без оглед како ќе заврши натпреварот, „црвените“ ќе бидат симнати од врвот.

Резултати:

Астон вила – Вулверхемптон 3-1
Фулам – Њукасл 3-1
Лестер – Евертон 1-1
Ливерпул – Борнмут 3-0
Саутемптон – Ипсвич 1-1
Тотенхем – Брентфорд 3-1

- Оглас -

Најнови вести