Борнмут не му се плаши на Митровиќ и води по првиот дел

Фудбалерите на Борнмут водат со 1:2 по првото полувреме на гостувањето кај Фулам во 11 коло во Премиер лигата.

Уште во првиот напад, гостите поведоа со 0:1 со 50-тиот премиерлигашки гол на Доминик Соланке. По одличната акција со Билинг, Соланке во 64 секунда го отвори резултатот.

Фулам по примениот гол тргна поофанзивно и во 22 минута преку Диоп го израмни резултатот.
Нападите на Фулам продолжија, но гостите добро го затворија Александар Митровиќ и преку брзи контра напади ја бараа шансата за втор гол. Него го постигнаа во 29 минута, овој пат Соланке се најде во улога на асистент, а реализатор беше Лерма.

На вториот натпревар, Вулверхемптон и Нотингем форест играат без голови.

- Оглас -

Најнови вести