Борнмут никогаш не победил во понеделник во Премиер лигата

Кристал палас има одлична можност да се врати непоразен од гостувањето кај Борнмут, само ако се продолжи традицијата. Понеделник дефинитивно не е ден во кој Борнмут сака да игра во Премиер лигата. Досега пет пати настапил на првиот ден од неделата и ниеднаш не победил (едно реми и четири порази). Не само што не победил, туку Борнмут само на еден дуел кој го играл во понеделник има дадено гол, а на другите четири бил неефикасен.

Освен оваа лоша традиција, Борнмут против себе ќе го има Кристал палас, тим против кого не му оди баш најдобро. Во шесте средби кои ги имаат одиграно, дури четири завршиле нерешено, а двата тима имаат по една победа. Во овој период, Борнмут се радувал на гости, додека за победа над Кристал палас на свој терен чека веќе три децении. Последен пат дома се израдувале во ноември 1988 година, во меч од втората лига на Англија.

Лошата традиција може да се сруши со добрата форма која во моментов ја има тимот на Борнмут. На последните четири средби пред своите навивачи, имаат три победи и едно реми, а на 10 од последните 13 дуели на стадионот „Витали“, постигнуваат повеќе од еден гол.

За Кристал палас ова ќе биде јубилеен 100-ти натпревар во Премиер лигата. Вилфрид Заха треба да е најопасен играч на гостите. Напаѓачот даде гол на секој од трите гостувања сезонава, а ако успее да погоди и вечерва, ќе го повтори успехот на Марк Брајт, кој во 1991 година дал голови на четири гостувања по ред за Кристал палас.

 

- Оглас -

Најнови вести