-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Борнмут во Бразил најде замена за Семењо

Англискиот премиерлигаш Борнмут постигнал договор со бразилскиот прволигаш Васко де Гама за трансфер на крилниот играч Рајан. Се најавува дека Рајан ќе си замине од Бразил и ќе започне нов предизвик во Англија како играч на Борнмут.

Со доведувањето на 19-годишниот Рајан, премиерлигашот треба да најде замена за Антоан Семењо, кој пред неколку дена беше продаден во Манчестер сити, и тоа за сума од 64 милиони фунти.

Се очекува Рајан да пристигне во Англија до крајот на неделава и да ги помине лекарските прегледи пред да биде преставен како нов играч на Борнмут. Трансферот се очекува да биде во вредност од 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести