Борнмут за малку ќе го влошеше анти-рекордот на Манчестер јунајтед

Борнмут и Манчестер јунајтед попладнево одиграа 1-1 во дуел од Премиер лигата. Домашните голот за водство го дадоа во 23-та минута, а од 68-ма минута беа со човек помалку по исклучувањето на Еванилсон. Гостите предноста ја искористија дури кога Хојлунд во 96-та минута израмни на 1-1.

Борнмут има историски најуспешна сезона како членови на елитното англиско друштво, моментниот број на бодови им е 50 што е најмногу во нивното постоење.

Борнмут испушти шанси да стане шестиот тим кој сезонава двапати го победил Јунајтед и од ноември 2019 наваму да не прими гол на три меча по ред.

Црешите кои се осми на табелата, имаат шанси за излез во Европа, а во обидот би им помогнало ако Манчестер сити или Нотингам форест го освои ФА купот, бидејќи така и осмиот од Премиер лигата ќе оди во Конференциската лига.

Манчестер јунајтед се спаси првпат во своите настапи во Премиер лигата да има 16 порази во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести