Борнмут за половина час го прегази Лестер, радост и во Лондон и Манчестер

Борнмут го разби Лестер со 4-1, благодарение на голови после 65-тата минута, па сега на три кола до крајот, популарните Цреши се на три бода заостанување зад Вотфорд и Вест Хем кои се во безбедната зона на табелата.

Лисиците водеа по првото полувреме со голот на Варди, но во втората половина на второто полувреме се случи голем пресврт. Доминик Соланке немаше дадено гол во дресот на Борнмут (39-ти настап), и имаше само еден гол во последните две години, а вечерва двапати го совлада Шмајхел.

На киксот на Лисиците му се радуваат Челзи и Манчестер јунајтед, кои се тркаат за две места во Лигата на шампионите, покрај оние сигурните на Ливерпул и Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести